Генерацијата 2010 на ФК Вардар под водство на Влатко Колев во периодот од 6-8.декември ќе учествува на меѓународен турнир во Грција, „Пефкохори Куп 2019“.
На турнирот ќе се натпреваруваат генерации родени 2008 и 2010 година. Во двете генерации учество ќе земат вкупно 16 екипи. Нашите млади надежи се дел од групата Б, во која се уште и екипите на Арис (Грција), Јанг Тим од Струга и Егеас ( Грција). Во групата А ќе бидат екипите на Форца, Талент Битола, Академија Пандев и Паод ( Грција).
Во оваа генерација, ќе се игра со 7+1 играчи на теренот.