Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пелко: На полувреме се договоривме да играме поагресивно во одбраната
Пелко: На полувреме се договоривме да играме поагресивно во одбраната

Пелко: На полувреме се договоривме да играме поагресивно во одбраната

Вардар стигна до седмата победа во СЕХА-лигата, откако беше подобра на гостувањето кај екипата на Војводина. По првиот дел имавме негатива од четири гола, но сепак во второто полувреме заигравме многу подобро и направивме резултатски пресврт (33:35). На прес-конференцијата после завршување на дуелот, своите впечатоци ги сподели Кокшаров кој го изјави следново:

-Не игравме добро, особено во првото полувреме. Војводина се добар тим кој напредува, затоа моравме многу да трчаме. Ова беше дуел со висок ритам од двете страни. Дојдовме без многу играчи и драго ми е што победивме и што многу играчи кои немаат минутажа добија шанса на натпреварот.

Пелко истакна дека агресивната одбрана во вториот дел била клучна за пресвртот.

-Игравме многу лошо во одбраната, што е резултат на големиот број примени голови во првото полувреме. На полувреме се договоривме да ја подгигнеме нашата одбрана и да одиграме поагресивно, со што го свртевме мечот во наша корист.