Во ова 12.коло лидерот Куманово имаше лесна задача во гости кај Алушевски каде дојде до победа со 31.гол повеќе. Во дербито Металург со 30-28 успеа да го совлада нашиот ЖРК Вардар. Можеби младо изненадување имаше во Прилеп каде Чаир беше совладан од Деспина. Ова се постигнатите резултати во ова 12.коло во женската Скопско ракометна сениорска лига:
По ова претпоследно коло дефинитивно се познати првите две екипи на табелата кои ќе одат на „зимување“ на тие позиции. Куманово е секако „есенски првак“, сино-белите дами ќе заминат како втори. Ние имавме среќа што Чаир ова коло „киксна“, а Стружанка беше слободна, па и покрај поразот останавме на „бронзената“ позиција.