Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерација 2010 на ФК Вардар без победа во денешното коло од детската лига
Генерација 2010 на ФК Вардар без победа во денешното коло од детската лига

Генерација 2010 на ФК Вардар без победа во денешното коло од детската лига

Вардаровата генерација 2010 денес на терените на ФФМ одигра два натпревари, на кои не успеа да забележи победа.

Вардар (1) „прокоцка“ два гола предност и одигра само нерешено 2:2 против екипата на Грозданоски (1). Матеј Чедевски беше играчот кој успеа со два гола да ни донесе предност од 2:0. Во последните минути од првиот дел, противникот од пенал успева да постигне гол и да го намали резултатот на 2:1.

Иако имавме голем дел од играта во вториот дел и некоку добри шанси, сепак Грозданоски успеа да извади бод на овој меч. Марко Јовановски го имаше првиот директен удар во второто полувреме, но одбрани противничкиот голман. Нова одлична акција на вардарци, во која завршниот удар го имаше Седлоски, но голманот на Грозданоски денес одлично бранеше и беше еден од најзаслужните за нерешениот резултат. Добра прилика имаше и Васоски, откако додаде Чедевски, но повторно противничкиот голман беше поуспешен. Нов обид имаше Петар Васоски, но без реализација. Во фудбалот кога нема да ги искористиш своите шанси, стигнува казна на спротивната страна, после една нашата грешка во одбраната, Грозданоски успева да израмни на 2:2, резултат кој на крајот беше конечен.

Вардар (2) беше поразен во дуелот со екипата на Карев (0:2). Истиов резултат беше актуелен и на полувреме. Во вториот дел имавме голема прилика преку Дарио Илиќ, кој доби топка од Лозанов, биеше Илиќ од непосредна близина, но одбрани голманот на Карев. Се закани и Гечев, чиј удар беше одбранет, а немавме среќа кога Илиќ од слободен удар ја погоди стативата. На крајот пораз со резултат 0:2.