Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преполовениот Вардар ремизираше со Келце
Преполовениот Вардар ремизираше со Келце

Преполовениот Вардар ремизираше со Келце

Ракометарите на Вардар одиграа реми со Келце, откако вечерва во еден одличен натпревар немаше победник на дуелот.

Вардар доминантно го започна натпреварот и по само десет минути игра имаше предност од 7:3 над Келце. Супер отварање на дуелот имаше Скубе со два погодоци исто како и Стоилов. Тактички, во првите 15-сетина минути, Чупиќ играше како десен бек, во комбинација со Скубе на среден и Атман како лев бек. Кристопанс остана на клупата за резерви, недолечен од повредата. Одличната игра на Чупиќ како десен бек продожи, па така во 12.минута со својот прв погодок, хрватот го донесе Вардар на плус три, 8:5. Фантастичната игра на Вардар продолжи, со головите на Калараш и Атман, а со одличниот на голот Кугис, Вардар во 15. минута имаше највисоки на натпреварот, плус пет, 10-5. Во 16. минута од дуелот, Душебаев беше приморан да побара минута одмор. Со четири гола во серија, Келце во 18. минута дојде на само еден негатива 10-9. На десет минути до крајот на првиот дел, со нов гол на Скубе, Вардар дојде до плус два, 12-10. Со голот на Јанц, во 26.минута Келце дојде до неочекувано водство од 14-15. На полувреме сепак, со два гола во серија, Вардар замина со плус еден, 17-16.

received_814739235610770

Вториот дел започна добро за нашиот тим, во 37.минута од дуелот Вардар имаше позитива од плус три, 21:18. Натпреварот продолжи во знакот на Вардар, со феноменална акција и гол на Калараш, Вардар на нови плус четири во 40.минута. Келце фати приклучок, па во 42.минута израмни на 22-22. Се играше 45.минута, а Келце дојде до максимални денеска 22-24. Во 48.минута, Вардар успеа да намали од негативата на 23:25.  Со феноменални одбрани на Гедбан, Вардар остана во живот. Гедбане овој пат брани пенал во 54.минута, а Дибиров промашува зицер за егал. Со гол на Пелко, егал во 56.минута. До крајот на дуелот и двете екипи задоволни, со по еден бод на табелата, мечот заврши со резултат 28:28.

Скубе со седум и Чупиќ со гол помалку го предводеа Вардар. Гебдан имаше 12 интервенции, од кои 10 беа во вториот дел на мечот.