Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров: Покажавме голем карактер – Шишкарев: Навивачите не држеа во „живот“ и ни даваа самодоверба
Кокшаров: Покажавме голем карактер – Шишкарев: Навивачите не држеа во „живот“ и ни даваа самодоверба

Кокшаров: Покажавме голем карактер – Шишкарев: Навивачите не држеа во „живот“ и ни даваа самодоверба

Во еден возбудлив натпревар, екипите на Вардар и Киелце на меч од 7.коло во Лигата на Шампионите, ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 28:28. Вардар треба да биде задоволен од освоениот бод, со оглед дека на овој меч настапивме без Кристопанс и Дисингер, па бевме принудени во голем дел од мечот на бековските позиции да играме со Дибиров како лев и Чупиќ како десен бек. Сепак и покрај сите проблеми, црвено-црните повторно се издигнаа и благодарение на одбраните на Гедбан (10 во второто полувреме) успеавме да стигнеме до бод, иако Вардар имаше и напад за победа, но Скубе не успеа да го совлада противничкиот голман. На прес-конференцијата после завршување на дуелот, пред медиумите се обрати, тренерот, Кокшаров кој го изјави следново:

-Сите видовме дека играчите дадоа се од себе на овој меч. Покажавме голем карактер, и покрај големиот број на проблеми со кои се соочувавме во составот, успеавме да стигнеме до бод. Сите беа перфектни на теренот, пред нашите навивачи имавме голема желба за победа, но вечерва ги немавме нашите бекови. Секоја чест за овие играчи кои денес беа на теренот. На крајот се боревме за бод и сметам дека покрај се што се случуваше треба да бидеме задоволни од конечниот епилог.

Шишкарев упати голема благодарност до навивачите, руското крило кажа дека вардаровата песна ги држело во живот до самиот крај.

Играчите кои беа на терен дадоа се од себе. Против Киелце мечевите секогаш се тешки, мора да покажеш карактер. Ние тоа го покажавме на овој меч. Имавме тешко второ полувреме, губевме три разлика, но се вративме. Благодарност на публиката што не држеше „живи“ и ни даде самодоверба. Сите го почуствуваме тоа, така издржавме, па и дојдовме дури до шанса да дојдеме до два бода