Вардар никогаш не ги заборава играчите кои дале голем придонес за клубот. Еден од нив е секако Игор Карачиќ кој одигра седум извонредни сезони во црвено-црниот дрес, клуб во кој ги помина најдобрите моменти во неговата кариера и со кој освои две Европски Титули.
Пред почетокот на мечот, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов му подари дрес на кој пишуваше „Кара фала ти за се„. Името на Карачиќ се скандираше и од целата арена, а Кара неизмерно им се заблагодари на сите за топлиот пречек. На крајот и двете екипи ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат (28:28).