Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (1) генер. 2008 убедливо го доби мечот со екипата на Кул
Вардар (1) генер. 2008 убедливо го доби мечот со екипата на Кул

Вардар (1) генер. 2008 убедливо го доби мечот со екипата на Кул

Генерацијата 2008 на ФК Вардар денес одигра еден меч во рамките на детската лига, кој го доби во своја корист.

Активен беше Вардар (1) кој го совлада тимот на Кул. Избраниците на Петар Георгиевски славеа убедлива победа со резултат 9:0. Коста Бошковски беше играчот кој ги постигна првите два гола на натпреварот, со кои стигнавме до водство од 2:0. Кул немаше шанси на овој дуел, се виде уште од стартот кога црвено-црните тргнаа офанзивно на мечот. Во следниот период, повторно ист играч во редовите на Вардар постигнува два гола во серија. Се работи за Петар Блажевски кој успева да зголеми на 4:0. Бевме доминантни, постојано го напаѓавме противничкиот гол. Во листата на стрелци успева да се запише и Огнен Бојковски кој донесе предност од 5:0. Конечно се закани и екипата на Кул, но одбрани Лука Грчевски, во вториот обид шутираат крај голот. Нов играч кај Вардар успева да ја погоди противничката мрежа, се работи за Стефан Бранковски кој го зголеми водството на 6:0. До крајот на првото полувреме успеваме да постигнеме уште еден гол, кој беше дело на Арти Азизи, за на одмор да заминеме со предност од 7:0.

И во вториот дел имавме повеќе од играта и контрола на резултатот. Во овој дел од мечот постигнавме уште два гола. Во листата на стрелци се запишува и Илија Митановски, кој донесе предност од 8:0. Нови обиди имамвме преку Бошковски, чиј удар го одбрани голманот, како и Азизи кој од слободен удар бие, но крај голот. До крајот постигнавме уште еден  гол, кој беше дело на Стефан Бранковски, кој ги постави конечните 9:0 на овој меч.

Дуелот на Вардар (2) со екипата на Сарај беше одложен.