Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нема сила да ги запре! Пионерките на Вардар редат успеси и во кадетската лига, прегазен Шампион
Нема сила да ги запре! Пионерките  на Вардар редат успеси и во кадетската лига, прегазен Шампион

Нема сила да ги запре! Пионерките на Вардар редат успеси и во кадетската лига, прегазен Шампион

Пионерките на Вардар продолжија да делат лекции и во кадетската лига. Денес во „Јане Сандански“ го совладаа тимот на РК Шампион. Победата за „лавиците“ беше остварена на доминантен начин, ние триумфиравме со предност 14.гола. Резултатот на крајот беше 44-30.

6-2

Отворивме за 1-0 со прекрасниот гол со лоб на секогаш одличната Мила Пешиќ. По пет минути беше реми 2-2, следеа наши минути потоа. Бојана Коцева исолира и погоди одлично, Христова Леа одбрани со нога, тоа го награди Тошевска со гол за 4-2 по само 60.секунди од ремито. Успеавме да поведеме три гола во 11.минута, во незадржлив продор тргна типичен за неа, Борјана Коцева која шутна неодбранливо за 7-4. Противникот даваше жесток отпор, тимот на Шампион сосема солидно парираше на нашите девојки. Сепак нашата одбрана покажа ниво повеќе, денес Христова беше мотивирана па на средината од првиот дел тоа донесе голем исчекор, водевме со дури седум гола. Борјана Коцева беше нерешлива „рубинова коцка“ за одбраната на ривалот, таа минуваше од секаде погодувајќи за 12-5. Валентина Радуловиќ, тренерот на ривалот се одлучи со тајм-аут да ја прекине нашата низа. Платон одлично изротира во составот уфрлувајќи свежи ракометарки, со кои како и секогаш успева да го засили ритамот.

3-2 4

Во игра влегоа: Ангеловска, Коловска, Максимовска, Стефаноска и Радевска. Веднаш со головите на Стефаноска , Ангеловска и на крајот со одличен пат капитенот Коловска отидовме на високи девет плус, нововлезените девојки стрелаа за високи 15-6. Поведовме со двоцифрен десет гола предност во 24.минута, Ива Ангеловска трипати по ред за нас погодуваше, едноставно не знаеше да промаши, оваа ракометарка со ситен раст и големо срце стрелаше за предност од 19-9. На одмор заминавме со предност од 24-12.

a

Во вториот дел започнавме со погодок, во првиот напад погоди Бојана Коцева за 25-12. Ние игравме одлично во одбраната, на голот Христова повторно на ниво. По 9.минути ракомет отидовме на 15 позитива, со голот на капитенот Алекс Коловска поведовме со 30-15. Во следните пет минути се играше гол за гол, двата тима постигнаа по три гола. По голот на Мила Крагељ од пенал на семафорот во 46.минута стоеше 33-18. Вардарки доминираа, со игра гол за гол ја одржуваа предноста. Со голот на Сара Стефаноска во последните десет минути од овој кадетски натпревар влеговме со резултат 36-22. Се до крајот беше рутина, нашите девојки одлично го спроведоа дуелот до крај. Победата во оваа втора средба од кадетската лига за црвено-црните дами дојде со резултат 44-30.

a2

Платон идеално изротира, сите девојки погодија освен голманите, Христова го бранеше цел меч и беше двоцифрена. Ова е учинокот на младите дами: Коцева Бојана 6, Ангеловска Ива 5, Пешиќ Мила 5, Коцева Борјана4, Сара Стефаноска 4, Радевска Бојана 3, Коловска Александра 3, Тошевска Магдалена 3, Андовска Зорица 3 , Стојанова Сара 2, Ангеловска Теодора 2, Крагељ Мила 2, Миланоа Андреа 1, Максимовска Натали 1.