Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар поразен по 12.меча, Струга не совлада со 2-1
Вардар поразен по 12.меча, Струга не совлада со 2-1

Вардар поразен по 12.меча, Струга не совлада со 2-1

ФК Вардар го доживеа првиот гостински пораз сезоната, екипата на Струга ТЛ не совлада со резултат 2-1(2-0).

Ривалот прв се закани, на нашиот гол Гачевски беше на висина на задачата на самиот почеток. Вардар пропушти два големи прилики за водство, во 18.минута Поп Златанов ја погоди мрежата од надворешната страна. Пет минути потоа, во 23.минута Мицевски беше сам со голманот на ривалот и не успеа да стрела. Дојде казната од домаќинот,  тие погодија во 25.минута за 1-0, и во 46. за предност со 2-0. Стрелци за домаќините беа Кировски и Тафе. Во првиот дел имаше судиски одлуки кои беа спорни, на наша штета. Па на одмор заминавме со голема негатива 2-0.

Во вториот дел тргнавме офанивно, но немавме поголем успех при креирање на шансите на почетокот. Голем пех ни беше и принудната замена во првиот дел кога Али Адем пораби повреда го напушти мечот, Младеновски го замени. Нашата иницијатива донесе преполовување на водството на домаќинот.  Во 80.минута црвено-црните добиа пенал, истиот во гол за 2-1 го претвори Мицевски Дарко. За жал до крајот не успеавме да погодиме за реми. Васоски не беше на клупата во вториот дел, Бојовиќ го водеше тимот, нашиот прв тренер за време на паузата добил црвен картон.

Добра вест за нас е дека Академија Пандев во Тетово одигра само 1-1 кај Ренова и не ја искористи приликата значајно да ни ја намали предноста.