Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ: Секогаш е убаво да се вратиш на некој начин во својот дом
Карачиќ: Секогаш е убаво да се вратиш на некој начин во својот дом

Карачиќ: Секогаш е убаво да се вратиш на некој начин во својот дом

Вардар вечерва го пречекува тимот на Келце во дербито на групата Б. За прв пат во Скопје и против Вардар ќе игра миленикот на скопската публика, Игор Карачиќ, кој цели седум години беше дел од нашиот тим. По тој повод, средниот бек сега веќе на тимот на Келце, се обрати преку Инстаграм пост, на неколку часа пред натпреварот во Скопје.

„Секогаш е убаво да се вратиш на некој начин во својот дом. Денеска работата е поинаква, прв пат стојам наспроти Вардар и ги бранам боите на Келце. Ние сме подготвени и спектаклот може да започне” , напиша Карачиќ.

Дуелот започнува со почеток од 17 и 30 часот.