Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Киелце го очекува „пекол“ во Јане Сандански, Вардар оди на нова голема победа
Киелце го очекува „пекол“ во Јане Сандански, Вардар оди на нова голема победа

Киелце го очекува „пекол“ во Јане Сандански, Вардар оди на нова голема победа

Денес не очекува нов ракометен „спектакл“ во рамките на Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански гостува екипата на Киелце, на меч од 7.коло во најсилната група Б.

Ова ќе биде деветти меѓусебен дуел на Вардар и Киелце во Лигата на Шампионите. Вардар има три победи, додека на пет меча славел тимот на Киелце. Сите победи на црвено-црните се остварени пред своите навивачи, додека последен пат, Киелце на домашен терен не победил во 2015 година и тоа во четврт-финалето. Сезонава, Киелце има само една победа на гостински терен, кога славеше во дуелот со екипата на Брест Мешков. Во минатото коло, израниците на Талант Душебаев ја победија екипата на Веспрем во дербито на колото. На табелата, Вардар има само еден повеќе од полскиот шампион.

Кај Европскиот радува фактот што денес ќе играме во комплетен состав. Во екипата се враќаат Атман и Горпишин, додека во составот се наоѓа и Кристопанс, кој на последниот меч во СЕХА-лигата против екипата на Војводина мораше да го напушти теренот уште во првата минута од дуелот.

Денес на теренот ќе го видиме и довчерашниот играч на Европскиот Шампион, се работи за Игор Карачиќ, кој прв пат ќе игра против Вардар. Во составот ќе биде и Алекс Душебаев кој зад себе има и Европска титула со црвено-црните. Сигурно дека Карачиќ ќе добие големи овации и аплаузи од присутните навивачи, кои ги паметат неговите игри во црвено-црниот дрес.

Киелце го очекува пекол на денешниот дуел, арената Јане Сандански беше комплетно распродадена на три дена пред дуелот, додека од кубот пуштија и дополнителен број на билети за стоење. Се надеваме на добра игра на нашиот шампион и победа, со која до крајот ќе се бориме за висок пласман во групата. Мечот започнува во 17:30 часот. Сите кои нема да бидат во можност да бидат во сала, директен пренос од мечот можат да погледнат на МРТ-1.