Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) ФК Кул поуспешен од Вардар ген.2011 во Детската лига
(ФОТО) ФК Кул поуспешен од Вардар ген.2011 во Детската лига

(ФОТО) ФК Кул поуспешен од Вардар ген.2011 во Детската лига

Денес на терените на ФФМ, во Ново Лисиче најмладите фудбалерчиња, ФК Вардар генер.2011 година одигра два натпревари во детската лига. Тие имаа двомеч со екипите на ФК Кул.

6 5
ФК Вардар(1) се сретна со тимот на ФК Кул-1, на оваа средба дојдовме до пораз со резултат 1-2.(0-0). Првиот дел заврши со почетни 0-0, двата тима имаа прилики за погодок. На нашиот гол неколку убави одбрани имаше голманот Божиновски Огнен. Вториот дел го отворивме со гол, за 1-0 погоди Борјан Костовски. Ривалот по една акција изедначи на 1-1, веќе во следните три прилики по ред, црвено-црниот „чувар на мрежата“ Божиновски не спаси од комплетен пресврт. Ние попуштивме концерацијата во финишот и ривалот погоди за 1-2.

7
ФК Вардар(2) се сретна со тимот на ФК Кул-2 и на овој дуел бевме поразени. На одмор заминавме со негатива 0-3. Мечот заврши со конечни 0-5.