Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар одиграа ревијални натпревари со Академијата на ФФМ
Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар одиграа ревијални натпревари со Академијата на ФФМ

Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар одиграа ревијални натпревари со Академијата на ФФМ

Генерациите на ФК Вардар родени 2005 и 2006 година одиграа ревијални натпревари против Академијата на ФФМ, натпревари кои се дел од регионалната-скопска лига, но кои немаат резултатско значење. Мечевите се одиграа на терените на ФФМ.

Генерацијата 2005 на Вардар славеше триумф со резултат 0:3. По првото полувреме имавме минимално водство со резултат 1:0, со голот на Горјан Цветков. Во вториот дел постигнавме уште два гола, кои беа дело на Давор Серафимов и Тино Спасиќ.

Вардар: Илиевски, Ристовски Кулуковски, Таневски, Јакимовски, Серафимов, Спасиќ, Цветков, Јовановски, Антевски, Величковски.

Во игра влегоа уште: Филевски, Уневски, Николовски, Калановски и Стефановски.

Генерацијата 2006 одигра без голови 0:0, иако не ни беше признат чист погодок, а имаше и сомнителен прекршок за пенал. Сепак до крајот на мечот, не видовме гол, па мечот заврши со почетниот резултат.

Вардар: Данстак, Николов, Порчу, Спасовски, Ајетовиќ, Миовски, Нуредини, Цониќ, Николовски, Алији, Динов.