Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Куглање: Вардар денес ја стартува новата сезона во МКЛ
Куглање: Вардар денес ја стартува новата сезона во МКЛ

Куглање: Вардар денес ја стартува новата сезона во МКЛ

Денес, сабота 14.09.2019 започнува сезоната 2019/2020  во македонската кугларска лига,  МКЛ со првото коло во кое ќе се сретнат тимовите на:

Пелистер ТС Холдинг – Вардар 2014 (10.00, Мусандра 1-4)
Империјал Тобако ТКС – Пелистер 1982 (13.30, Мусандра 1-4)
ГТЦ Мусандра – Макпетрол (17.00, Мусандра 1-4)

*Натпреварот меѓу 18 август 2016 и ЖКК ГТЦ Мусандра е одложен и ќе се одржи во седмицата која следува.

Црвено-црните момци на Драги Димитровски во прелиминарното коло ќе одиграат натпревар против тимот кој за првпат оваа сезона ќе се натпреварува во оваа конкуренција. Станува збор за екипа составена од дами, покрај нив во лигата се натпреварува и тимот на ЖКК ГТЦ Мусандра. Поради немањето на доволен број на екипи за женска лига овие два тима ќе играат во лигата со момците.