Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација “2003“ стигна до својата 18 победа, денес совладан тимот на Скопје
Вардаровата генерација “2003“ стигна до својата 18 победа, денес совладан тимот на Скопје

Вардаровата генерација “2003“ стигна до својата 18 победа, денес совладан тимот на Скопје

Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година денес го одиграа претпоследното коло, во рамките на регионалната-скопска лига. Денес избраниците на Томче Трајановски гостуваа на екипата на Скопје, натпревар кој заврши со триумф на црвено-црните, со резултат 1:3. Тројца различни играчи се запишаа во листата на стрелци. По еден гол постигнаа Давидовски, Прелоговски и Јаневски.

По првото полувреме, екипата на Вардар имаше минимално водство од 0:1. Стрелец на голот беше капитенот Петар Давидовски. Во второто полувреме домаќинот Скопје успева да го израмни резултатот на 1:1. Сепак црвено-црните покажаа зошто се шампиони и до крајот на мечот постигнаа уште два гола во противничката мрежа. Најпрво на 2:1 зголеми најдобриот стрелец, Александро Прелоговски, за точка на натпреварот да стави, Благоја Јаневски за конечен резултат од 3:1.

ФК Вардар: Стојковски, Трпезановски, Сељанац, Бошевски, Јовановски, Петрушевски, Тасески, Андреев, Пашариковски, Давидовски, Прелоговски.

Во второто полувреме, тренерот Трајановски им даде шанса за настап на сите играчи кои почнаа на клупата на овој дуел. Ова беше вкупно 18 победа за оваа генерација во лигата, која се подготвува за финалето на купот против екипата на Академија Пандев.