Денеска на програмата е 34. коло во ПМФЛ, во ова коло лидерот на табелата, тимот на Вардар ја пречекува тетовска Ренова. Овој натпревар ќе биде одигран без резултатско значење за нашиот тим, додека пак тимот на Ренова се надева дека во последните три рунди би можел да се замеша во игра за пласман во квалификациите за Лигата на Европа.
Вардар на последните осум натпревари против тетовчани има биланс од шест победи, две нерешени и ниту еден пораз. Исто така уште еден податок е на страната на Вардар, “црвено – црните” оваа сезона немаат примено ниту еден погодок од тимот на Ренова.
Очекуваме на денешниот натпревар тренерот Седлоски повторно да настапи со измешан состав, односно да им даде шанса повторно на Алексовски, Глишиќ а можеби и на Грозданоски и Петковски од првата минута.
Натпреварот започнува со почеток во 16 часот и 30 минути со директен пренос на Сител 3.