Вардарки немаа поголеми проблеми во освојување на нов трофеј на домашната сцена. Избраничките на Дибирова полесно од очекувањата излегоа како победници, на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во купот на Македонија. Во полуфиналето го победивме тимот на Гевгелија, за во големото финале да бидеме поусешни од екипата на Металург.
На крајот беа доделени медалите и трофејот за освоениот куп, што беше вкупно петти во историјата на клубот. Поединечни награди добија и Сара Ристовска за најдобар стрелец, како и Александра Лакрабер за најдобар играч на завршниот турнир.