Денес на фудбалскиот терен во Јане Сандански отпочна фудбалската “Јуниор“ лига во организација на нашиот црвено-црн фудбалски колектив. На истата се натпреваруваа регионалните единци кој се под капата на Вардар. Вистинско дружење, мечеви , детски џагор имаше денес во наслебата Јане Сандански.ФК Вардар генерација 2003 одигра денес два меча на првиот турнирски ден од “Јуниор лигата“, нашите момци се сретнаа со екипите на Охрид и Прилеп и на двете средби однесовме победа.
На вториот дуел со екипата на Еврофудбал од Охрид тргнавме офанзивно од првата минута на дуелот, првата шанса ја забележавме преку Дамјан Ќосески кој се обиде но противничкиот голман одбрани. Продолжуваме со целосна доминација по изведен корнер со глава се обиде Филип Ѓоргиевски, а потоа имавме шанса и преку Влатко Стојановски, но повторно нивниот голман е повешт. Конечно успеваме да поведеме со 1-0 преку Дарио Јовановски по одлична асистенција на Никола Петковски. До крајот на првиот дел имавме шанса и за втор гол преку Влатко Стојановски, со резултат 1-0 се замина на одмор. Во вториот дел поведуваме со гол на Марио Петрушевски . Докрајот одигравме рутинирано на резулат доминиравме во целост на мечот. Имавме неколку обиди за трет гол, но сепак мечот заврши во 2-0.
Во првиот меч се сретнавме со Прилеп, како и на првиот дуел така и на овој се играше 8+1. првата шанса ја забележавме преку Иван Пашариковски кој погоди во директот. Црвено-црните имаат целосна доминација имаме шанса преку Андреј Стојчевски. Филип Ѓоргиевски по изведен корнер се обиде од корнер со глава ама голманот на прилепчани поуспешен во овој дуел. Екипата на нашиот противник се обидуваше преку прекини но безопасно за нашиот голман Лука Стојковски, на полувреме се замина со резулат 0-0. Во вториот дел поведуваме со ремек делото на Влатко Стојановски кој упати удар во горниот агол и ефектно погоди. Бевме во целосна офанзива во вториот дел, но не постигнавме втор гол. Противникот имаше сериозна шанса но нашиот голман Гоце Јовчев беше на висината на задачата. Со резулат 1-0 однесовме победа и на овој втор дуел.