Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Започна пролетниот дел од “Вардар Јуниор“ лигата, победа и нерешен резултат за генерација 2005
Започна пролетниот дел од “Вардар Јуниор“ лигата, победа и нерешен резултат за генерација 2005

Започна пролетниот дел од “Вардар Јуниор“ лигата, победа и нерешен резултат за генерација 2005

Денес на теренот во населбата Јане Сандански започна пролетниот дел од фудбалската Јуниор лига. Свој настап имаше фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени 2005 година, кои забележаа една победа и нерешен резултат.

vardarfans junior liga

На првиот натпревар противник ни беше екипата на Спорт Ефе, со кој одигравме со нерешен резултат 1:1. Црвено-црните ја имаа најголемата прилика за отварање на резултатот, откако Андреј Петковски ја погоди стативата од противничкиот гол. Следен во шанса се најде и Горјан Цветков, неговиот удар успешно го брани голманот на Спорт Ефе. До крајот на првиот дел Спорт Ефе успева да поведе со 0:1. Во второто полувреме Вардарци беа многу подобар противник и константно го напаѓаа голот на противникот. Филип Радески имаше убава шанса да го израмни резултатот. Иницијативата и добрата игра вроди со плод, откако Стефан Ристовски погоди за Вардар и донесе израмнување од 1:1. овој резултат беше и конечен на овој меч.

vardarfans gener 2005

Оваа генерација одигра уште еден натпревар и тоа со екипата на Борец од Велес. Црвено-црните беа надмоќни во овој дуел и забележаа победа со резултат 4:0. Горјан Цветков прв го отвори резултатот на овој натпревар. Прилика за зголемување на водството имаше и Стефан Ристовски при изведен корнер удар покрај голот на Борец. Во шанса за постигнување на гол се најде и Петар Пројкоски. Вардар не запра со нападите, Исак Петковски беше следниот кој се најде во гол шанса, сепак резултатот и понатаму остана непроменет. Неможеше вечно Борец да има среќа, за само две минут успеваме да постигнеме два гола и да зголемиме на 3:0. Најпрво Петар Пројкоски, а потоа и Стефан Ристовски погодија за високо водство. Со овој резултат се замина на полувреме. Во вториот дел беше постигнат само еден погодок и повторно во мрежата на Велешани. Филип Радески го постигна последниот гол на овој натпревар.