Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Веспрем во финалето на сеха, како увертира на нивниот двомеч
Вардар и Веспрем во финалето на сеха, како увертира на нивниот двомеч

Вардар и Веспрем во финалето на сеха, како увертира на нивниот двомеч

Денеска во големото финале на сеха-лигата ќе се сретнат екипите на Вардар и Веспрем. Ова ќе биде како вовед или увертира на она што не очекува за дваесетина дена, кога црвено-црните на домашен терен ќе го пречекаат истиов противник во четвртфиналниот меч од лигата на шампиони. Дали сите карти ќе бидат отворени уште во денешното финале останува да почекаме до почетокот на вечерашниот натпревар, или адутите ќе се кријат за оние поважните натпревари во најголемото ракометно натпреварување. Двете екипи добро се познаваат, играа веќе два пати оваа сезона во ова натпреварување и двате меча завршија со нерешен резултат.
Во полуфиналните натпревари имаа пред себе тешки противници, иако се очекуваше Веспрем многу полесно од очекувањата да го совлада Брест Мешков. Белорусите речиси и да испуштија сигурна победа, има за што да жалат, откако имаа постојана предност во текот на 59 минути. На моменти таа достигнуваше и до шест гола, а Веспрем само еднаш успеа да го израмни резултатот и тоа кога беше најпотребно во последната минута од мечот со голот на Угалде. Директно се изведуваа удари од седум метри во кои поуспешен беше Веспрем, кој сепак успеа да се спаси и да слави победа во ова полуфинале со Мешков. Вардар пак одигра врвен ракомет во дуелот со Загреб и на крајот сосема заслужено победи, иако следевме една драматична завршница со неколку чудни судиски одлуки.

а нас радува враќањето на Сергеј Горбок кој одигра одличен меч со Загреб и покажа дека ќе биде од големо значење за екипата во натпреварите кои претстојат. Карачиќ и Циндриќ имаа одлична соработка на последните натпревари на црвено-црните и значајна улога во добрите резултати на тимот. Штербик продолжува со добри изданија на нашиот гол. Тоскиќ е нашиот најголем јунак и борец на кој отпаѓа најголем дел од товарот во нашата игра, секако потпомогнат ос Стоилов и Марсениќ. Крилата исто така имаат свој придонес, одбраната на чело со Абутовиќ против Загреб фунционираше на високо ниво додека Македа и Душебаев одлично се надополнуваат и секој максимално ги искористува минутите на теренот. Ова е предзнак да гледаме врвен ракомет и на крајот Вардар да биде екипата која ќе се радува на трофејот, кој ќе биде вкупно трет во ова натпреварување.