Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Голема победа на Чаир, Вардар се враќа со три бода!
Голема победа на Чаир, Вардар се враќа со три бода!

Голема победа на Чаир, Вардар се враќа со три бода!

  • Составот на ФК Вардар за денеска беше следниот: 28. Пачовски, 3. Попов, 6. Грнчаров, 11. Асани, 16. Глигоров, 17. Стојков, 18. Ќеран, 19. Хамбарџумјан, 20. Николов, 21. Новак, 70. Фелипе. Резерви: 90. Гачевски, 8. Спировски, 10. Дашјан, 14. Велковски, 22. Ивановски, 87. Грозданоски, 99. Којашевиќ. Започна натпреварот, Вардар ја имаше топката во свој посед во првиот дел, но без посериозна шанса за гол. И домаќинот имаше две прилики во првиот дел но Пачовски лесно ги одбрани тие удари. Прва измена во Вардар, на местото на Асани во 19. минута влезе Којашевиќ. Убава можност за Вардар имаше Фелипе во 33 минута, но биеше над голот. Пред крајот на првиот дел Попов беше удрен со тврд предмет од трибините, но играта брзо продолжи како ништо да не се случило, на полувреме се замина со резултат 0-0.

  • Започна вториот дел, на местото на Стојков во игра влезе Ивановски. Вардарци заиграа подобар фудбал од првиот дел, имавме неколку шанси. Пенал за Вардар во 71 минута, чист пенал над нашите играчи беше досуден. 73 минута Фелипе ја зеде топката, биеше Зендели одбрани, но Фелипе натрча и ја смести во голот на домаќините за голема радост и предност од 0:1 Вардар тука не застана, не се бранеше туку тргна да напаѓа. Во 81 минута влезе во игра и Влатко Грозданоски на местото на Драган Ќеран. Вардар успеа да не прими гол и денеска, крај на натпреварот, големи и значајни три бода за ФК Вардар од ова тешко гостување, честитки до екипата на ФК Вардар.