Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерација 2010 на ФК Вардар со победа и нерешен резултат во денешното коло од детската лига
Генерација 2010 на ФК Вардар со победа и нерешен резултат во денешното коло од детската лига

Генерација 2010 на ФК Вардар со победа и нерешен резултат во денешното коло од детската лига

Генерацијата 2010 на ФК Вардар одигра нови натпревари во рамките на детската лига, на кои остваривме победа и нерешен резултат.

2

Вардар (1) го доби дуелот против екипата на Милано со резултат 4:3. Во првите пет минути од мечот успеавме да го отвориме резултатот откако за наша предност од 1:0 погоди Матеј Чедевски. Гледавме одличен натпревар, на кој екипата на Милано даде силен отпор. Избраниците на Колев имаа можност да го зголемат резултатот, кога Васоски се обиде, но еден од играчите на Милано исфрли од гол линијата, во продолжение на акцијата, удар упати Ристиќ, но одбрани противничкиот голман. Екипата од Куманово сепак во својата поконкретна прилика успева да постигне гол и да израмни на 1:1. Вардар имаше повеќе од играта, бевме поконкретни од противникот.

3

Го вративме водството за 2:1 кога мрежата на Милано ја погоди Ристиќ Стефан, кој погоди после асистенција од Седлоски. После нашата предност, Милано изведе директен удар од центар, успеваат да го совладаат нашиот голман и да израмнат на 2:2. До крајот на првото полувреме се обиде уште и Наумовски, но ударот оди крај голот.

Првиот удар во вториот дел го имавме преку Петар Васоски, кој биеше крај голот. Црвено-црните ја вратија предноста, откако погоди Благојче Седлоски за водство на Вардар од 3:2.

4

Имавме поголем дел од играта, постојано бевме во атак на противничкиот голман, додека Милано се обидуваше да изненади од контра напад. Со првиот гол денес на Огнен Сивевски имавме и предност од 4:2. Милано се погрижи да го направи мечот до крај неизвесен кога намали на 4:3, но тоа беше се што стори на дуелот. Избраниците на Колев имаа одлична прилика за петти гол, но Марковиќ немаше среќа кога ја погоди пречката од голот на Милано. На крајот триумф за Вардар со резултат 4:3.

Вардар (2) одигра нерешено 2:2 против екипата на Дрим Тим, која имаше водство по првото полувреме од 0:1. Во второто полувреме ние успеавме да постигнеме два гола, но еден и противникот, за на крајот конечниот резултат да гласи 2:2. Стрелци на головите беа Лука Михајловски и Давид Лозанов.

5 6 7