Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на ФК Вардар ја совладаа прилепска Победа, на првиот 1/4 финален меч од Купот
Пом.пионери на ФК Вардар ја совладаа прилепска Победа, на првиот 1/4 финален меч од Купот

Пом.пионери на ФК Вардар ја совладаа прилепска Победа, на првиот 1/4 финален меч од Купот

Помладите пионери на ФК Вардар денес на теренот на Академијата го одиграа првиот 1/4 финален меч во Купот на Македонија. Црвено-црните ја совладаа екипата на Победа од Прилеп со резултат 2:1.

Тренерот Тодоровски започна со следниве 11-сетмина: Тасев, Ричков, Милошевски (c), Љушев, Павлески, Јаневски Хајдари, Здравковски, Стојановски, Ибраим, Гуџуфи,

Во првото полувреме видовме само една вистинска шанса, која во гол ја претворија помладите пионери на Вардар. Од корнер топката во противничкиот шеснаесетник ја нафрли Ричков, највисок во скокот беше Игор Јаневски кој со глава ја заби топката во мрежата на Победа, за водство од 1:0.

3

Гостите од Прилеп до крајот на првото полувреме се обидоа од слободен удар, но топката оди над нашиот гол. Победа на овој дуел се одлучи за длабока дефанзива и покрај негативата од еден гол, противничките играчи беа повлечени на својатга половина. Вардар се обидуваше да стигне до нов гол, но приодите беа затворени, па освоен постигнатиот гол не видовме некоја сериозна прилика.

2

Во второто полувреме, Вардар успеа да постигне уште еден гол и да ја зголеми предноста на 2:0. Се играше акција од левата страна, Ричков додаде до Ибраим кој имаше добра ситуација за погодок, нашиот играч бие од прва, но одбрани голманот на Победа, сепак на одбиената топка стигна Гуџуфи кој ја смести во мрежата за водство од 2:0.

4

После пет минути, екипата на Победа успева да направи брз контра-напад и да постигне гол во нашата мрежа, за намалување на 2:1. Измени беа направени во нашите редови. Во игра влегоа Идризи. Анчевски, Стоимов, Перковски и Попов. Вардар се обиде преку Јаневски кој шутира над голот, како и Попов, но одбрани голманот на прилепани. Последниот директен удар кон противничкиот гол го имаше Јаневски, но без реализација.

Вардар со предност од 2:1 ќе патува во Прилеп на реванш мечот од ѝ1/4 финалето во Купот на Македонија