Вардар и Борец попладнево ќе го одиграат својот втор натпревар оваа сезона. По нерешените 0:0 во Велес, сега доаѓа ред на пресметката во Скопје.
Во тимот на денешниот противник на Вардар има дури петмина фудбалери кои во минатото го носеле дресот на „црвено – црните” од Скопје. Филип Петров е еден од петмината кои некогаш го носеа дресот на Вардар, а има освоено и неколку титули со овој тим. Покрај него, тука е и Оливер Пеев, кој исто така во минатото го носеше успешно дресот на нашиот тим. Мартин Блажевски, Симеон Христов и Трајче Стојковски се играчите кои забележаа мал број на настапи за Вардар, а беа дел од нашиот тим.
Кои од нив ќе настапат попладнево против својот некогашен тим, останува да видиме за неколку часа.