Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Половичен успех за ФК Вардар ген.2011 во вонредното коло од Детската лига
Половичен успех  за ФК Вардар ген.2011 во вонредното коло од Детската лига

Половичен успех за ФК Вардар ген.2011 во вонредното коло од Детската лига

ФК Вардар генерација.2011 денес во детската лига во вонредното коло одигра два дуела. Момците на Андоновски Боби имаа половичен успех.

c3

На дуелот со тимот на Албион, ФК Вардар(1) генерација.2011 дојде до победа со доминантна игра, победата дојде со резултат 5-2. Првиот дел беше далеку поефикасен период во однос на вториот дел, истиот заврши со резултат 4-2. За црвено-црниот тим имаше тројца стрелци во ова полувреме. За нас погодија: Борјан Костовски (2), Доротеј Христов и Калин Арсовски.

c2 c4 c5

Вториот дел мина со наша доминација, ние со уште еден ран погодок ја зголемивме предноста во однос на ривалот. Стрелец за резултат 5-2, кој подоцна се покажа и како конечен исход беше Доротеј Христов. Вардаровите момци дојдоа до победа со три гола плус на овој меч, односно со резултат 5-2.

b1

Во вториот меч одигравме борбено против тимот на ФК Драчево, забележавме пораз со резултат 6-3, но прикажавме завидно ниво на борбеност и желба за надигрување. Првиот период  на ФК Вардар(2) се оконча со резултат 4-1, стрелец на единственот гол за црвено-црните беше Петар Симов.

b2 b3

Вториот дел беше рамноправен, тоа го покажа и резултатот од истиот, двата тима погодија по два пати во противничките мрежи во овој дел. Мечот заврши со резултат 6-3, вториот гол за црвено-црните беше дело на Кристијан Марковиќ. Денес одличниот Петар Симов успеа да погоди втор пат на овој натпревар.