Вардаровите надежи од генерација 2012 со две победи го стартуваа меѓународниот турнир во Охрид. Вардарци на отварање на турнирот беа подобри од екипата на Ускана со резултат 3 :0, додека на вториот натпревар со резултат 1:0 ја победивме екипата на Ринија Тирана.
Во рамките на 3.коло во групата, бевме минимално поразени со резултат 2:1 од екипата на Јанг Тим. Сепак, генерацијата 2012 на Вардар успеа да се пласира во 1/4 финалето кое е на програмата денес со почеток од 14:00 часот.