Maкедонскиот првак Вардар доби Германец за судија на натпреварот во вторник во Скопје против данскиот шампион, тимот на Копенхаген. Станува збор за младиот 33-годишен судија Даниел Зиберт. Помошници на Зиберт ќе му бидат Јан Зидел, Ласе Козловски и Мартин Петерсен.
Се надеваме на добро завршена работа на оваа судиска четворка од Германија.