Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Не заборавајте, утре прв ден за сликање со трофејот од ЛШ на РК Вардар
Не заборавајте, утре прв ден за сликање со трофејот од ЛШ на РК Вардар

Не заборавајте, утре прв ден за сликање со трофејот од ЛШ на РК Вардар

Европскиот ракометен првак, нашиот РК  Вардар организира „отворени денови” за na  сите фанови ќе им овозможи во периодот од 24 до 28 јули да можат да се фотографираат со пехарот од лигата на шампионите што го освоивме во Келн на почетокот на јуни.

Утре е прв ден, покрај трофејот во текот на утрешниот ден  во периодот од 11 до 12 часот во салата ќе бидат и ракометарите Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Рожерио Мораеш кои ќе делат автограми на фановите, и ќе може и со нив да се направи фотографија за спомен. Поради големиот интерес да има фотографии со пехарот од лигата на шампионите, клубот реши пехарот да биде изложен во салата. Тој ќе биде во внатрешниот дел веднаш што се влезе низ главниот влез на големата сала на СЦ „Јане Сандански” Да се види и да се фотографира пехарот од лигата на шампионите ќе биде возможно секој ден од 24 до 28 јули во периодот од 10 до 18 часот.