Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сотириу доаѓа во Скопје во гол елемент
Сотириу доаѓа во Скопје во гол елемент

Сотириу доаѓа во Скопје во гол елемент

Кипарскиот интернационалец Пјерос Сотириу покажа дека е многу незгоден играч. Сотириу на натпреварот вчера во данскиот шампионат постигна два гола за својот тим против Рандерс. Уште во 9. минута овој играч го донесе својот тим во водство, за на крајот во продолжението да постигне уште еден погодок за вкупни 0:3.

Копенхаген уште еднашка потврди дека има одлични напаѓачи, досега Сотириу, Павловиќ и Сандандер погодија во данскиот шампионат по само две кола.

Копенхаген натпреварот го започна во следниот состав: Олсен, Боилесен, Луфтнер, Јохансон, Бенгстон, Куст, Квигст, Грегуш, Вербиќ, Павловиќ, Сотириу.