Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Славниот Видиниќ вардаровата мрежа ја чуваше се до 1955 година

Историја: Славниот Видиниќ вардаровата мрежа ја чуваше се до 1955 година

12647561_1056116037763053_8719901727632526414_n
БЛАГОЈА ВИДИНИЌ – Прославениот македонски голман е роден на 11 јуни 1934 година во Скопје. Својата фудбалска кариера ја започнува во 1952 година, токму меѓу стативите на Фудбалскиот Клуб Вардар. Славниот Видиниќ вардаровата мрежа ја чува и во наредните три сезони се до 1955 година.
Поранешниот југословенски репрезентативец кој има освоено и две олимписки медали за тимот на Вардар има настапено на вкупно 144 натпревари повеќе од било кој друг клуб во неговата понатамошна кариера. И покрај тоа што неговиот живот завршува на 72 годишна возраст на 29 декември 2006 година во францускиот град Стразбур, Видиниќ и натаму ќе остане со „неизбришливо мастило“ запишан како еден од најдобрите чувари на мрежата во аналите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.