Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Остануваат уште 3.922 билети за натпреварот во вторник
Остануваат уште 3.922 билети за натпреварот во вторник

Остануваат уште 3.922 билети за натпреварот во вторник

Билети за натпреварот Вардар – Копенхаген сеуште има во голем број. Според онлајн продажбата на „Тикет Плус“, до овој момент останати се точно 3.922 билети. Најпродаден блок досега е блокот 4, за овој блок има уште 233 билети во слободна продажба. За западната трибина пак, останати се некаде повеќе од 1.000 билети.

Доколку не сте купиле билети, тоа можете да го направите и во текот на утрешниот ден на добро познатите локации во Скопје и другите градови како и онлајн.