Во вторник се игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Копенхаген. По тој повод од клубот излегоа со соопштение во врска со овој натпревар за сите потребни информации, во врска со сместувањето на навивачите, со апел за фер и коректно навивање од трибините. Во истото се вели:
Имателите на влезници со блоковите 1, 2 и 3 на јужната трибина, влегуваат на влезот помеѓу јужната и западната трибина. Истото се однесува за оние кои имаат билети за западната трибина. Оние кои поседуваат билети со блоковите 4, 5 и 6, влегуваат на спротивникот влез, односно помеѓу јужната и источната трибина.
ВАЖНО: Натпреварот Вардар – Копенхаген е прогласен за меч од висок ризик. Ги молиме сите кои ќе присуствуваат на стадионот, да стигнат порано за да се избегнат големите гужви на стадионот. Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 18 часот, а по наредба на УЕФА ќе треба да се затворат во 19:30 часот. Исто така Ве замолуваме да не носите со себе чанти, тврди предмети, парички, запалки, во спротивно ќе Ви бидат одземени на самиот влез на стадионот.
Исто така уште еднаш апелираме на фер и коректно навивање без навреди и национализам. Заштитете го тимот од дополнителни санкции од УЕФА, која што ни овозможи да го играме овој натпревар на нашиот стадион.
Билетарницата на „Телеком Арената“ ќе работи во понеделник и вторник од 12 до 19 часот.
За да биде појасно, еве фотографија за влезовите на гледачите на натпреварот во вторник.