ФК Вардар денеска ќе го одигра четвртиот првенствен натпревар, а противник ќе им биде тимот на ФК Работнички. На овој дуел Вардар влегува со една победа и два порази, додека пак противникот е на скор од една победа, еден нерешен резултат и еден пораз.
За прв пат по низа на години, фаворитската улога му припаѓа на тимот на Работнички. Токму најголемата опасност по голот на Вардар и Илиќ ќе доаѓа од некогашните вардарци кои во овој момент се на број ,,три”.
Фахрудин Ѓурѓевиќ е првиот од нив. Се работи за напаѓач, веќе искусен, кој во минатото го носеше дресот на Вардар и тоа две сезони постигнувајќи седум официјални погодоци за нашиот тим. Токму Ѓурѓевиќ е и моментално најдобар стрелец во тимот на Работнички со два гола.
Тука е и брзиот Петар Петковски. За разлика од Ѓурѓевиќ, Петовски и е подобро познат на вардаровата публика бидејќи беше дел од ,,црвено – црните” четири сезони. Оваа сезона сеуште се нема запишано во листата на стрелците.
И последниот од оваа низа е Горан Силјановски. Искусниот фудбалер две сезони го носеше дресот на Вардар, но тоа беше веќе многу одамна пред цели десет години. Сега, Силјановски е еден од главните играчи и ,,мотори” на овој тим. Оваа сезона ги одигра сите три првенствени дуели.
Останува да видиме како ќе се покажат поранешните вардарци на денешниот дуел.