Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Глигоров: Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи
Глигоров: Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи

Глигоров: Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи

.
Никола Глигоров е новиот тренер на ФК Вардар. Поранешниот играч на клубот и веќе неколку години асистент тренер, ја добива довербата да го води Вардар кон – се надеваме многу победи. Глигоров во тандем со Таневски ќе го водат Вардар од сега па натаму.
.
,,Ми претставува огромно задоволство и привилегија што ја добив довербата од управата на клубот да бидам вршител на должноста шеф на стручен штаб на ФК Вардар. Во исто време ми претставува огромна одговорност пред целокупната јавност а посебно пред нашите најверни навивачи “Комити” чија поддршка многу ја ценам. Голема благодарност до досегашниот шеф Горан Симов за се што направи за ФК Вардар и нас колегите. Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи” , рече Никола Глигоров.
.
Дебито на клупата на Вардар, Глигоров ќе го има во сабота на домашен терен против ФК Беса.