Фудбалскиот клуб Вардар по неповолниот почеток на есенскиот дел во 2.лига, објави на официјалната страница информација за тренерска смена. Истата ви ја пренесуваме во целост:
Соопштение на клубот:
Фудбалскиот клуб Вардар и г-дин Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера.
Функцијата в.д шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров