Шпанскиот ракометар Едуардо Гурбиндо по само еден месец го напушти РК Вардар 1961 и кариерата ќе ја продолжи во екипата на Динамо Букурешт.
Од продажбата на Едуардо Гурбиндо, Вардар добива 50.000 евра обештетување. Иако најпрвин ,,црвено – црните” бараа 100.000 евра, сепак на крајот двата клуба се договориле за половина од оваа сума. Гурбиндо веќе утре се очекува да го напушти нашиот главен град.
Е сега, дали управата на РК Вардар 1961 ќе ги искористи овие пари за да донесе среден бек, нешто што му недостсува на Вардар за комплетен ростер, останува да видиме. Инаку, како што е добро познато, како замена за Гурбиндо на десен бек во Вардар дојде Њокас кој веќе одигра и еден натпревар во Л.Ш.