Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Савевски со шест вардарки на поширокиот сениорски список
Савевски со шест вардарки на поширокиот сениорски список

Савевски со шест вардарки на поширокиот сениорски список

Селекторот на женската сениорска репрезентација, г-дин Љубомир Савевски го објавува поширокиот список на ракометарки за претстојните натпревари со репрезентацијата на Црна Гора во рамките на ЕХФ неделата за EHF EURO CUP 2022.  На истиот има место за шест вардарки.

242384768_10220242168346577_2942128836439456260_n

За време на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат два натпревари против селекцијата на Црна Гора од EHF EURO CUP 2022. Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Скопје на 07.10.2021 (четврток) во СЦ “Борис Трајковски” во 20:15 часот, а потоа на гости против Црна Гора на 10.10.2021 (недела).

На EHF EURO CUP 2022 ќе настапат репрезентациите на Македонија, Црна Гора, Словенија кои се организатори на WOMEN’S EHF EURO 2022, и репрезентацијата на Норвешка која е освојувач на WOMEN’S EHF EURO 2020.