Saturday ,12 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Глишиќ започна со тренинзи
Глишиќ започна со тренинзи

Глишиќ започна со тренинзи

Фудбалерите на Вардар влегуваат во финална фаза од подготовките пред стартот на новата сезона. ,,Црвено – црните” тренираат во својата база во Скопје, а во тимот имаат и едно ново засилување.

Дарко Глишиќ се појави во ФК Вардар и веќе тренира со своите нови соиграчи. Ова секако дека е добро засилување за тимот во името на искусниот лев бек кој веќе во два наврати го носеше дресот на Вардар.

Да додадеме само дека повредата на исто така левиот бек Ристе Илијоски не е сериозна. Вардар до почетокот на новата сезона ќе одигра уште еден или два ,,тест” дуели.