Со три победи во групата и само еден пораз, кадетската женска селекција обезбеди полуфинале на ЕХФ шампионатот кој се игра во Литванија. Вчерашниот дуел и победата над Финска со пресврт (21-20) ни обезбеди место во најдобрите 4.тима на овој собир.
Наш ривал во полуфиналето е селекцијата на Полска, врсничките од оваа земја ќе бидат последна препрека до дуелот освојувач на шампионатот кој се игра во градот Клаипеда. Вардарки имаат забележителни улоги во овој успех, вчера клучна за пресвртот беше Коцева Бојана, на нашиот сајт има поставено видео кое може да го погледнете на следниот КЛИК
Дуелот утре е закажан со почеток во 19-00 часот.