Фудбалскиот клуб Вардар утре ќе одигра нов контролен натпревар. Црвено-црните ќе патуваат за Кочани, каде ќе имаат пријателски натпревар со екипата на Осогово, кој ќе стартува во терминот од 17:30 часот.
Вардарци се подготвуваат за стартот на новата натпреварувачка сезона, во која ќе бидат дел од втората лига. Ждрепката и распоредот на натпревари требаше да биде познат оваа недела, но истата се одложи за друг термин.
Вардар на последниот контролен натпревар ја победи екипата на Локомотива од Градско. Утре се надеваме на добра игра и секако победа.