Thursday ,19 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гурбиндо се приклучи на Вардар, шпанецот го имаше првиот тренинг
Гурбиндо се приклучи на Вардар, шпанецот го имаше првиот тренинг

Гурбиндо се приклучи на Вардар, шпанецот го имаше првиот тренинг

Летното засилување за тимот на Вардар, Едуардо Гурбиндо, се приклучи на тимот во Струга и се стави на располагање на тренерот Вујовиќ за следните натпревари.

Гурбиндо ги пропушти подготовките во Златибор, поради репрезентативни обврски. Десниот бек беше дел од Шпанија со која освои брозен медал на Олимписките игри во Токио.

Сигурно дека Гурбиндо ќе биде големо зсилување за Вардар, а останува да видиме дали ќе добие шанса на утрешниот натпревар, или своето деби ќе го има на финалниот турнир на турнирот во Струга.