Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Савревски најдобар во составот на Македонија, која во пенал серијата обезбеди финале на ЕХФ Шампионатот
Савревски најдобар во составот на Македонија, која во пенал серијата обезбеди финале на ЕХФ Шампионатот

Савревски најдобар во составот на Македонија, која во пенал серијата обезбеди финале на ЕХФ Шампионатот

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ќе игра во големото финале на ЕХФ Шампионатот кој се игра во нашиот главен град.

Во едно драматично полуфинале кое беше решено дури после изведување на седмерци, Македонија успеа да ја победи Швајцарија со резултат 34:33. Во регуларниот дел од натпреварот резултатот гласеше 28:28.

До средината на првиот дел гледавме израмнета игра, се до моментот кога Швајцарија успеа прва да се одлепи на два гола разлика. Сепак момците на Кирил Лазаров влегоа во добар ритам на игра, одбраната во тие моменти функционираше одлично а нашите момци погодуваа во серија, за резултатски пресврт и предност од 10:7. До крајот на првиот дел успеавме да ја здржиме предноста и на одмор да заминеме со водство од 15:13.

Во голем дел од второто полувреме, Македонија ја одржуваше позитивата која се движеше од 1-3 гола. Сепак како одминуваше мечот, Швајцарија се закануваше на нашата позитива, па полека ја стопи и успеа да го израмни резултатот. Се влезе во неизвесен финиш во кој двете репрезентации враќаа на погодокот, па по истекот на 60-те минути не видовме победник.

Во пенал рулетот се покажавме како помирни и посконцентрирани, на крајот голема радост за нашите млади надежи и пласман во големото финале. Најефикасен на натпреварот беше вардаровиот играч, Давид Савревски кој постигна дури 7 голови. Савревски на крајот го понесе признанието за најдобар играч на полуфиналниот натпревар кој се одигра во С.Ц. Борис Трајковски.

233536892_3898158123621662_5514245753126887361_n