Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Грнчаров и Глигоров: Добро е што играме на гости во првиот меч, Малме е минлив противник
Грнчаров и Глигоров: Добро е што играме на гости во првиот меч, Малме е минлив противник

Грнчаров и Глигоров: Добро е што играме на гости во првиот меч, Малме е минлив противник

Денес  ждрепката во Нион  за противник во Лигата на шампионите ни го одреди шведскиот тим Малме. За овој дуел  своите очекувања соопшти капитенот на црвено-црните Бобан Грнчаров. Вардаровиот капитен верува дека со овој противник неговиот тим може да се носи во треттото квалификациско коло од ЛШ.

Мислам дека во Малме добивме противник со кого можеме да се носиме и да бидеме во најмала рака рамноправни. Ова ни е трета година по ред да играме квалификации во Лигата на шампионите, и мислам дека сега е шансата да поминеме понатаму. Добро е што првиот натпревар го играме на гостински терен кај нив, и сметам дека имаме големи шанси. Со нетрпение го очекувавме противникот, и сега откако знаеме кој ни е противник се подготовуваме во Австрија за него. Од денеска па натаму ќе го следиме, ќе го анализираме и ќе знаеме повеќе за нашиот ривал во Лигата на шампионите.

Свое мислење за тимот кој ни се падна во ждрепката за официјалниот сајт на Вардар го даде и  заменик капитенот на вардарци, Никола Глигоров кој смета дека шансите за нас во овој европски двомеч се  реални.

Добивме противник кој што и го посакувавме и не го посакувавме. Сигурно дека имаше  и посилни противници во ждрепката. Сега сме, така да кажам на „чисто“, го знаеме противникот, ќе имаме можност да го анализираме и да се подготвуваме за него. Играме прво во гости, што на некој начин може, но и не мора да претставува некаква предност. Би било одлично доколку би постигнале гол во гости, кој што многу ќе ни значи потоа за натпреварот дома. Ќе дадеме максимум конечно во оваа сезона да го минеме тоа прво коло.