Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Малме има седум интернационалци, Розенберг лидер во нападот
Малме има седум интернационалци, Розенберг лидер во нападот

Малме има седум интернационалци, Розенберг лидер во нападот

Вардар во Нион доби минлив противник. Се работи за шампионот на Шведска, тимот на Малме. Малме во овој момент се наоѓа на делба на првата позиција на табелата вo својата лига. Овој тим иако е лидер, сепак има доста киксови. На досега одиграни 12 првенствени натпревари, имаат скор од осум победи, но и три нерешени и еден пораз. Имаат примено 10 голови на вкупно 12 натпревари досега.

Малме во својте редови има седум интернационалци. Тројца од Норвешка, двајца од Данска и по еден од Уругвај и Перу. Во овој нивни тим најдобар стрелец е искусниот веќе ветеран Маркус Розенберг. Овој играч во минатото настапуваше за ВБА, Ајакс и тн. Исто така во тимот го имаат и младиот Цибицки кој има постигнато четири погодоци и е со репрезентацијата на ЕП во Полска до 21 година.