Во Нион беа извлечени паровите за престојното прво и второ коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Шампионот на Македонија го доби тимот на Малме за противник во второто квалификациско коло. Првиот дуел на овие две екипи ќе се одигра во Шведска на 11/12 јули, додека пак реваншот ќе биде одигран во Скопје на 18/19 јули.
Се надеваме дека оваа година Вардар ќе има долго и незаборавно лето на евросцената.