Нашиот шампион, екипата на Фк Вардар во вторник го игра реванш натпреварот против Апоел во рамките на второто квалификационо коло од лигата на шампионите. На првиот дуел во Кипар остваривме добар резултат каде останавме непоразени. Сега очекувањата се многу поголеми, ако се знае дека реваншот го играме на нашата арена. Миленикот на Комити, Грозданоски за нашиот сајт ги споделува очекувањата за мечот во вторник.
-Задоволни сме од остварениот резултат од првиот меч, играта може да се подобри и очекуваме на реваншот да одиграме поквалитетно. Секако со тоа да биде резултат кој би не одвел во следната фаза.
Билетите на големо се продаваат и се очекува полна арена во вторник од 20 часот.
-Очекувам наша дисциплинирана и офанзивна игра, да играме тимски и со помош од публиката да оствaриме резултат кој го посакуваме. Секако очекувам стадионот да биде полн, бидејки ваквите натпревари како со Апоел се многу ретки, изјави Влатко Грозданоски за Вардарфанс.
Фото: Vlatko Grozdanoski
Звонко Ивановски