Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Полни трибини обоени во „црвено-црно“ е нашата желба
Полни трибини обоени во „црвено-црно“ е нашата желба

Полни трибини обоени во „црвено-црно“ е нашата желба

Остануваат уште четири дена до големиот спектакл што ќе се случува на арената “Филип Втори“. Црвено-црните со нетрпение го очекуваат реванш дуелот во лигата на шампионите, со екипата на Апоел од Кипар. Радува фактот што на големо се продаваат билетите, за овој многу важен натпревар за нашиот клуб. Се надеваме дека секое место на стадионот ќе биде исполнето и обоено во светите црвено-црни бои. Западот исто така се мобилизира и подготвува во голем број.

Поддршката ќе биде потребnа и многу значајна за момците кои ќе истрчаат на теренот и ќе се борат да ја донесат екипата во третата рунда од најголемото натпреварување. Од тука и важноста на овој дуел, од клубот очекуваат голема посетеност и поддршка, која нема да изостане во текот на целиот меч.

Имаме историска шанса да се пласираме во следната фаза во Лигата на шампионите. Вардар има големи амбиции и цели, а поддршката веруваме дека нема да изостане. Полни трибини обоени во „црвено-црно“ е нашата желба. Исполнете ја, а ние ветуваме дека со добра игра ќе се обидеме да го продолжиме европскиот пат, порачаа од клубот.

Еден живот, една љубов!