Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Нина Бојаџиска: Спремни сме да се бориме до крај и да го оставиме срцето на терен
Нина Бојаџиска: Спремни сме да се бориме до крај и да го оставиме срцето на терен

Нина Бојаџиска: Спремни сме да се бориме до крај и да го оставиме срцето на терен

Младинската женска ракометна репрезентација до 19 години ги одработува последните денови пред заминувањето во Шпанија, на Европското првенство. Младинките во периодот од 23 јули до 2 август ќе бидат дел од ова големо натпреварување. Подготовките започнаа на 10-ти јуни и ќе траат се до понеделник, веќе следниот ден ќе се тргне на пат за Валенсија, каде ќе се одржи ова ЕП.

За време на овие припреми, Македонската селекција имаше можност да ја проверува формата и да одигра четири контролни натпревари, со две репрезентации. Првите две беа во Габрово, против Бугарија. Тука беа забележани две победи. По враќањето во Скопје одигравме и со Србинките, на кои  беше забележана по една победа за двете репрезентации.

-Подготовките поминаа во најдобар ред и сме задоволни од тоа како ги одработивме. Од голема важност ни беа пријателските натпревари, кои ни овозможија подобро да се воиграме, да ги согледаме грешките и да видиме што ни недостасува во играта. Атмосферата во екипата е на одлично ниво, има дружење меѓу сите и владее позитивна атмосфера.

Македонија е во група заедно со репрезентациите на Германија, Русија и Литванија. Првиот натпревар го играме на 23-ти јули против Литванките. Да потсетиме дека во младинската селекција десет ракометарки доаѓаат токму од екипата на Вардар.

-Нашата група има противници кои се за респект и во секој натпревар треба да го дадеме својот максиум. Да пружиме добра игра, па резултатот ќе си дојде сам по себе. Спремни сме да се бориме до крај и да го оставиме срцето на терен. Да се надеваме дека ќе направиме добар успех, изјави репрезентативката и член на вториот тим на Жрк Вардар, Нина Бојаџиска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски