Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > “Италијанци“ ќе му судат на Вардар во вторник
“Италијанци“ ќе му судат на Вардар во вторник

“Италијанци“ ќе му судат на Вардар во вторник

Одредена е судиската тројка која ќе ја дели правдата на реванш натпреварот од второто квалификациско коло, помеѓу екипите на Вардар и Апоел. Судиите доаѓаат од Италија, се работи за Давиде Маса кој ќе биде главен судија. Покрај него ќе му помагаат и неговите сонародници Филипо Мели и Марко Барбирати. Четвртиот судија е исто така од оваа земја, се работи за Масимилијано Ирати.

Дали Италијанските судии ќе бидат среќни за нашиот шампион, ќе видиме во вторник. Да потсетиме дека првиот меч во Никозија заврши без голови 0:0. Натпреварот на арната “Филип Втори“ ќе се игра во вечерен термин, од 20:00 часот.